No replies
User offline. Last seen 11 years 34 weeks ago. Offline
Joined: 12/14/2010

П О К А Н А

 

Покана за учество на Националната конференција: Истражување на злоупотребата и

занемарувањето на децата во Р.Македонија, која ќе се одржи на 07.12.2012 г. Во Скопје, на

Скопски Саем – МБЦ со почеток во 10 ч.

 

Почитувани,

 

Имаме чест и задоволство да Ве известиме дека проектот наречен Балканска Епидемиолошка

Студија за Злоупотреба и Занемарување на Децата/ Ваlkan Epidemiological Study on Child

Abuse and Neglect [BECAN], кофинансирана од 7. Рамковна Програма на Европската Комисија за

истражување и технолошки развој и земјите учеснички од девет балкански земји е завршен.

Координатор на истражувањето за Република Македонија е ЈЗУ Универзитетската клиника за

психијатрија, Скопје.

Овој амбициозен проект е една од најголемите студии во однос на испитуваниот примерок деца

во Република Македонија (2750 деца на возраст од 11, 13 и 16 години, ученици во основните и

средните училишта во земјава и нивните родители), што е спроведен во период февруари-мај

2010, во соработка со Министерството за образование и наука. Дел од истражувањето се

одвиваше и со поддршка на Министерството за труд и социјална политика зарегистрираните

случаи на злоупотреба на децата во Центрите за социјална работа.

Поаѓајќи од фактот дека превенцијата и справувањето со злоупоттребата и занемарувањето на

децата е проблематика со висок приоритет во Р. Македонија ќе ни претставува особена чест и

задоволство ако учествувате на симпозиумот.

 

Срдечен поздрав,

 

Проф. Д-р Антони Новотни

Директор на ЈЗУ Универзитетска Клиника за психијатрија

 

 

Проф. Д-р Марија Ралева

Национален Координатор на БЕКАН